ПРОВЕРКА ЗА СКЛУЧЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ КОН ТРЕТИ ЛИЦА
Проверката за постоечко и важечко осигурување од одговорност кон трети лица може да се изврши директно на веб-страницата на Гарантниот фонд. Унифицираниот систем за евиденција на задолжителни осигурувања нуди можност за проверка во реално време или проверка за минат датум.
Информациите се достапни по внесување на регистарскиот број или бројот на шасијата на возилото и внесување на безбедносниот код кој го бара веб-страницата на Гарантниот фонд. Проверката дава информации за тоа дали одредено возило има склучено осигурување од одговорност кон трети лица, како и датумот на истекување на неговата важност.
Политиката за колачиња ни помага да ги обезбедиме нашите услуги. Со користењето на нашите услуги, се согласувате дека можеме да ја примениме политиката за колачиња.